Home СОВЕТИ Природен мелем против стрии

Природен мелем против стрии

5007
G Natural

Голем број жени по бременоста или за време на пубертетот, мака мачат со стриите  стриите на кожата. Не постои лек против стриите, но постои начин на кој можете да ја намалите нивната видливост. Пробајте го овој природен препарат кој многу може да ви помогне.

Матете две жолчки од јајце и постепено при матењето додајде две супени лажици масло од кантарион, супена лажица чичково масло, пет капки лимонов сок и три капки масло од невен. Измешајте ја смесата додека не се изедначи.

Смесата се нанесува во тенок слој со широка четка, на местото каде што имате стрии. По половина час истуширајте се со топла вода, а потоа во тенок слој нанесете некоја крема за регенерација на кожата. Овој третман применувајте го два пати во неделата.

Млем против стрии