Home ГОТВАЧ здрава храна Користете ги овие намирници како замена за Аспирин

Користете ги овие намирници како замена за Аспирин

2249
ХитКујна канал

Лековите кои можеме да ги пронајдеме во природата се шарени и ситни баш како и оние кои ги нудат аптеките. Но, во природата лековите се спаковани во ситни овошја кои се прилично вкусни и немаат никакви непријатни несакани ефекти.
Боровинки
Боровинките се преполни со фитонутриенти. Содржат елагична киселина, катехини,антоцијани, и салицилова киселина. Боровинките се всушност природен аспирин. Така што, кога следниот пат ќе имате главоболка, изедете боровинки.
Помагаат и при намалувањето на бројот на протеините кои се поврзани со болестите на мозокот како што се Алцхајмер и Паркинсоновата болест. Спречуваат и опасни невролошки пореметувања.

Капинки
Капинките содржат хранливи материи познати под името елагична киселина која ги заштитува клетките на кожата од штетните УВ зраци. Го забавува и распаѓањето на колаген во кожата. Доколку често ги јадете нема лесно да добиете брчки.

Јагода
Рибизли
Рибизлите се посебно ценети бидејќи содржат гама-линоленична киселина. Оваа киселина ја спречува алергиската реакција која телото ја создава за да ги изолира супстанциите како што е поленот. Доколку јадете рибизли, ќе го намалите чешањето на очите и блокадата на синусите.
Малинки
Малинките исто така делуваат како аспирин. Јадејќи ги нив може да се излечете од главоболка, бидејќи содржат важен спој кој делотворно ги намалува болката и воспаленијата дури и подобро од аспиринот.
Јагоди
Дали знаевте дека јаготките содржат повеќе витамин Ц отколку портокалите?
Ги нарекуваат и фабрика за антиоксиданси, а јадејќи ги нив спречувате артритис, губење на меморијата, различни облици на рак и болести на срцето.
Освен тоа тие се многу вкусни со шлаг – само нека биде без шеќер.

Шумско овошје