Home ГОТВАЧ Овесни палачинки: Ќе се изненадите колку се вкусни

Овесни палачинки: Ќе се изненадите колку се вкусни

557
G Natural

Нема кој може да одолее на вкусна палачинка. Во продолжение ви откриваме рецепт за една поинаква, здрава верзија на палачинки, без да се намали квалитетот на вкусот.

Состојки:

1 банана

1 чаша млеко (може и јогурт, кравјо, бадемово или кокосово млеко)

2 чаши мелени овесни снегулки

1 јајце

малку пециво или 1/2 сода бикарбона

1 супена лажица кокосово масло (или маслиново)

Подготовка:

Во блендер спојте ги сите состојки, и печете на ист начин како и палачинките. Смесата е со малку погуста структура од онаа за класични палачинки но лесно се развлекува во тавчето.

Добар апетит!