Home СОВЕТИ Ова е најлошиот и најнездрав избор на месо

Ова е најлошиот и најнездрав избор на месо

2012
G Natural

Доколку на вашата трпеза се најде црвеното месо повеќе од 2 пати неделно, би требало да знаете дека набрзо би можеле да имате проблеми со крвниот притисок, со нивото на холестеролот во крвта, како и со органите за варење..
Ова е листата на најнездравите видови на црвено месо. Поточно, овие видови на месо не би требало да ги јадете почесто од два пати неделно.
Јагнешко месо
Јагнешкото месо за многумина е најсладок деликатес, што поради неговата посебна арома, што поради неговиот специфичен вкус. Но, кога здравјето е во прашање, јагнешкото месо е на црната листа, заедно со говедското месо.
Според десетгодишното истражување на Европскиот центар за нутриционизам и испитување на ракот, откриено е дека лицата кои секој ден консумираат околу 80 грама црвено месо имаат 3 пати поголем ризик да заболат од рак на дебелото црево, во однос на оние лица кои немаат таква навика. Се претпоставува дека хемоглобинот и миоглобинот во црвеното месо, во реакција со хемиските супстанции во човечкиот организам, создаваат канцерогени соединенија.
Говедско месо
Правите гурмани знаат дека вкусот на печените говедски ребра е незаменлив, но говедското месо е поврзано со различни видови на рак, посебно со ракот на простатата. Бројни клиничката студии го потврдиле тоа.
Салами
Саламите често се прават од најлошите парчиња месо, а ако го земеме во предвид и тоа што при припремањето на саламите се користат и многу адитиви и додатоци кои се канцерогени, не е ни чудно што тие се вклучени во оваа црна листа.
Некои видови на салами содржат многу поголеми количини на нитрозамини, дури и од сланината.
Сланина
Сланината е многу вкусна за јадење. Многу мал број на луѓе можат да и одолеат. Но, во сланината се кријат, освен големи количини на масти, и канцерогени нитрозамини, соединенија кои не е можно да се отстранат ниту со готвење на високи температури. Напротив, тогаш тие стануваат уште поопасни за организмот.
Свински колбаси
Свинските колбаси се полнети со маст, зачини и додатоци, кои не само што не се здрави, туку се и најголеми виновници за појавата на кардиоваскуларни заболувања. Европското здржение за здрава и сигурна храна неодамна објавило дека повеќето готови свински кобасици во себе содржат една исклучително штетна состојка, т.н. црвен 2G, кој предизвикува рак.

Сланина

Izvor: preventus.mk