Home ГОТВАЧ Направете сами: Едноставен рецепт за домашна Нутела

Направете сами: Едноставен рецепт за домашна Нутела

2842
G Natural

Чоколадниот крем без кој не можеме да замислиме вкусен оброк дефинитивно е Нутела.

Тајниот рецепт го измислил италијанецот Пиетро Фереро во 1942-година, кој до денес е омилениот крем во светот.

Го обожуваме во палачинки, на леб, во колачи, а сега можете сами да го направите.

Ние ви ја откриваме тајната, односно како за само 30-минути да подготвите Нутела крем.

Состојки:

– 2 чаши лешници

– 1 чаша шеќер во прав

– ⅓ шоља какао во прав

– 2 лажици масло од лешник

– 1 лажичка екстракт од ванила

– ⅛ лажичка сол

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Распоредете ги лешниците во тавата и печете ги од 12-15 минути. Кога ќе почнат да напукнуваат тогаш се готови. Оставете ги малку да се оладат и протријте ги со дланките за да ја отстраните лушпата.

2. Додека лешниците се топли ставете ги во блендер со голема брзина, и сечкајте додека не пуштат масло и не добиете многу кремаст путер.

3. Додајте ги шеќерот во прав, какаото во прав, маслото од лешник, екстрактот од ванила и сол. Добро промешајте ги во блендерот додека не добиете хомогена.

4. Добиената смеса која сега има вкус и изглед како оригиналната Нутела ставете ја во стаклена тегла и чувајте ја на собна температура.

Овој сладок домашен крем може има рок на траење до еден месец.

Најслаткиот чоколаден крем Нутела веќе можете сами да го подготвувате. На здравје.