Home СОВЕТИ Мали тајни за раат во кујна

Мали тајни за раат во кујна

2277
G Natural

Еве неколку корисни совети за полесно снаоѓање во кујната…одржување на кујнските садови, мали тајни за готвење, одржување на намирниците…

  •  Загореното тенџере е проблем за секоја домаќинка. Маснотијата и остатоците од храна отстранете ги со обична вода. Потоа во тенџерето ставете друга вода со малку прашок за перење и оставете добро да зоврие. Оставете го тенџерето да се олади и „преноќи“, а наредниот ден без никаква мака совршено ќе го исчистите.
  • Во садот за готвење често се таложи камен. Ставете малку сода бикарбона и еден до два свежи компири. Оставете да зовријат.Сода бикарбона
  • Ако сакате приборот за јадење секогаш да биде чист, ставете го да врие во водата во која сте вареле компир и извадете го после 10 минути.
  •  Дамките на ножот најдобро ќе ги исчистите со сол и лимон.
  •  Новите садови од глина пред употреба треба да ги ставите 15 минути во солена вода.
  •  За да го отстраните непријатниот мирис од фрижидерот, исчистете го со вода во која сте додале лажичка сода бикарбона.
  •  Овошјето секогаш ќе биде свежо ако го попрскате со неварено млеко.
  • Сокот од јаболко нема да потемне ако во него исцедите сок од лимон. Тоа важи и за исечените јаболки или круши.
  •  Овенатата салата ставете ја во млака вода и веднаш ќе ја врати својата свежина.
  • Ако сте го пресолиле јадењето, додадете еден или повеќе лупени компири во него.Сол
  •  Јагодите, малините, кајсиите и останато овшје кое го ставате во замрзнувач, секогаш пакувајте го во сад и помеѓу секој ред попрскајте шеќер. Шеќерот не дозволува мразот да навлезе во овошјето и да му го одземе природниот вкус.
  •  Коцките лед за аперитив ќе бидат повкусни и поубави, ако во водата во садот за лед додадете малку тенко исечена кора од портокал или лимон.
  • Кристализираниот мед ќе го вратите во течна состојба, ако теглата со мед ја ставите 15 минути во сад со топла вода. Температурата на водата не смее да биде повеќе од 40°C , бидејќи во спротивно ќе исчезнат основните хранливи својства на медот.
  •  Доколку во садот ви падне лушпа од јајце, натопете го прстот со вода и нема да верувате колку лесно ќе ја извадите лушпата.
  •  Ако немате доволно брашно, а сакате да пржите риба, натопете ја во пиво. Рибата ќе биде многу вкусна.
  •  Ако ви доаѓаат гости, немојте да употребувате дезодоранс против непријатниот мирис од готвењето, туку исклучете го шпоретот и на ринглата на која сте готвеле ставете страк на наквасен рузмарин. Тоа е гастрономски дезодоранс.
  •  Мирисот од лук и кромид на вашите раце ќе исчезне ако ги истриете со талог од кафе.
  •  Кога при пржењето маслото ќе почне да прска, најдобро е во него да ставите корка од леб и малку сол.
  • Пилешкото месо ќе биде свежо и вкусно, ако пред пржењето го премачкате со сок од лимон.
  •  Свежата штрудла полесно ќе ја исечете со загреан нож.
  •  Ако ви се лепи тестото за палачинки додека ги пржите, во него додадете чаша пиво.
  •  Зеленчукот најдобро ќе го измиете ако во водата ставите лажичка сода бикарбона.
  •  Тестото за палачинки ќе биде подобро ако најпрво ги изматите брашното и млекото, а потоа ги додадете јајцата.
  •  Варените јајца полесно ќе ги излупите, ако во водата во која се варат додадете лажичка сол.
  •  Мајонезот е многу повкусен ако го зачините со малку бело вино.Домашен мајонез
  • Нема да ви солзат очите додека сецкате кромид, ако главицата кромид најпрво ја потопите во врела, а потоа во ладна вода.
  • Дамките на кујнските крпи полесно ќе ги исчистите ако преку ноќта ги оставите потопени во вода во која сте ставиле и лажичка сода бикарбона. Наредниот ден исперете ги на вообичаениот начин.
  •  Непријатниот мирис од маснотии и храна од печењето ќе ги отстраните ако во рерната посипете шака сол додека е уште загреана. Подоцна исчистете ја на вообичаениот начин.Кујна