Home ГОТВАЧ главни јадења Макарони на грчки начин

Макарони на грчки начин

3845
G Natural

Состојки:

  • 300 гр макарони
  • 200 гр фета сирење
  • 100 гр зелени маслинки
  • 200 мл бело вино
  • 200 мл супа
  • 2 главици кромид
  • 3 млади кромидчиња
  • 4 домати
  • 2 лажици масло за јадење
  • сол и бибер

Подготовка:

Сварете ги макароните. Во меѓувреме исчистете го кромидот и исецкајте го на коцки. Младиот кромид исечете го на тркалца. Доматите попарете ги со топла вода, за да може полесно да ги излупите. Исецкајте ги и нив. Загрејте го маслото и додадете го кромидот. Кога ќе се запржи додадете го младиот кромид, супата, виното и оставете на кратко нека се динста. Потоа додадете ги макароните и доматите и зачинете по желба. Додадете го и фета сирењето, и се заедно да се пропржи. На крајот ставете ги и маслинките исечени на парчиња. Послужете додека јадењето е топло. Може да  украсите со гранчиња босилек.

Добар апетит!

Макарони на грчки начин