Home ГОТВАЧ Лоша вест за љубителите на Нутела

Лоша вест за љубителите на Нутела

2307
G Natural

Производителите на чоколади и љубителите на посластиците со лешник, меѓу кои е и омилената Нутела, би требало да се подготват за можниот раст на цената.

Имено, откако лошото време ги уништи посевите на лешник во Турција, каде се произведува 70% од сите лешници на светот, цената на овие плодови се зголеми за вртоглави 60%.

Од турската индустрија порачуваат дека ќе соберат само 540.000 од планираните 800.000 тони лешници.

Покрај цената за какао, која исто така е во пораст, производителите на чоколади се повеќе од незадоволни, затоа што тоа ќе се одрази и на цената на нивните производи.

Фереро, производителот на популарниот намаз од чоколада и лешник Нутела, е еден од најголемите купувачи на лешник во светот (околу 25% од светските залихи завршува кај нив), но до денеска нема коментар од кај нив дали оваа ситуација ќе се одрази на цената на Нутелата.

Некои сметаат дека Фереро нема да изгуби премногу, затоа што неодамна ја купиле компанијата Олтан, кој е најголем производител на лешници во Турција.