Home ГОТВАЧ Лесен и многу вкусен рецепт со кроасани

Лесен и многу вкусен рецепт со кроасани

3675
G Natural

Состојки:

  • 7 кроасани полнети со чоколаден крем
  • 1 литар млеко
  • 6 јајца
  • 2 филџани шеќер

Подготовка:

Исечете ги кроасаните на покрупни парчиња и внимателно подредете ги во тава, чие дно претходно сте го карамелизирале со дел од шеќерот.

Изматете ги добро јајцата, па во тоа додадете го млакото млеко и преостанатиот шеќер. Кремот се загрева на водена пареа се додека не се згусне.

Сипете ја смесата врз кроасаните и печете во претходно загреана рерна на 180 степени додека се стегне кремот. Откако ќе се олади десертот, се превртува и се сече.

Се сервира со топка сладолед или карамел топинг.

Добар апетит!