Home ГОТВАЧ главни јадења Идеален рецепт за почетници: Виолетова зелка

Идеален рецепт за почетници: Виолетова зелка

2291
G Natural

Состојки:

  • 1 виолетова зелка
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • Целер
  • 2 моркова
  • Сол, бибер, вегета и мелена пиперка
  • Маслиново масло
  • Вода

Подготовка:
Пропржете го во масло ситно исечениот кромид. Додадете ги лукот и целерот, исто така ситно исечени. Потоа додадете ги морковите. Посолете и промешајте. Додадете ја ситно исечената зелка. Додадете зачини, измешајте и намалете ја температурата на рерната.
Динстајте и повремено додавајте вода за зелката да не загори.
Кога зелката е готова, тргнете ја на страна, оставете малку да се излади и послужете ја.
Добар апетит!

Виолетова зелка