Home ГОТВАЧ Евтина и вкусна торта со бисквити

Евтина и вкусна торта со бисквити

10042
G Natural

Состојки:

  • 500гр бисквити
  • 4 жолчки
  • 6 лажици шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 0,5л млеко + млеко за топење на бисквитите
  • 1 пакетче ванила
  • 1 лажиче путер

Подготовка:

Половина литар млеко, 4 лажици шеќер и путерот ставете ги да зовријат. Жолчките измешајте ги со 2 лажици шеќер, брашно и малку млеко (само да се направи смеса која може да се претура). Во врелото млеко полека додавајте ја смесата со жолчките, постојано мешајки. Варете околу 2 минути. Оставете да се излади.
Бисквитите потопувајте ги во топлото млеко и редете ги на тацна. Филувјате ги со изладениот фил и одозгора ставете уште еден ред бисквити. По желба може да украсите со шлаг. Одозгора изрендајте чоколадо или ситно исецкано овошје.

Бисквит торта

Хиткујна/Боза