Home ГОТВАЧ Еве како дома да си направите карамели

Еве како дома да си направите карамели

2033
G Natural

Состојки:

  • 5 чаши шеќер
  • 1 чаша вода
  • 6 лажици путер
  • 1 чаша павлакa

Подготовка:

Истурете го шеќерот во тенџере, додадете вода со лизгање по работ на тенџерето, така ќе избегнете шеќерните кристали да се распрскаат по рабовите на тенџерето.
Нека проврие, па оставете на силен оган додека смесата не добие боја на килибар. Тргнете од оган и со дрвена лажица измешајте путер и павлака.
Истурете во плиток калап обложен со подмачкана хартија. Нека се лади.
Стврднатиот карамел исечете го на коцки и послужете.
Откако ќе се олади карамелот чувајте го на собна температура.

Домашен карамел