Home ГОТВАЧ Чоколадни пралине со кекси: Најбрз рецепт без миксер и печење

Чоколадни пралине со кекси: Најбрз рецепт без миксер и печење

5494
G Natural

Состојки:

250 грама крем сирење (намаз)
500 грама кекси полнети со чоколади (Oreo, Moto…)
250 грама темно чоколадо

Подготовка:

  1. Здробете ги кексите во трошки. Најлесен начин да го направите ова е да ги сомелете или пак да ги ставите во вреќичка и да ги поминете со валјак за тесто. Издвојте мал дел со кој ќе ги посипете на крај пралинето.
  2. Здробените кекси ставете ги во сад и додадете го кремот од сирење и добро измешајте додека не добиете густа поврзана маса, а со рацете обликувајте бомбици со дијаметар околу 3 сантиметри.
  3. Стопете го чоколадото на пареа и една по една бомбица ставете ја во него и потоа ставете ја во чинија. Додека чоколадото сè уште е топло, над бомбиците истурете го остатокот од здробените кекси и ставете ги во фрижидер да отстојат барем еден час.

Совет:

Доколку сакате бомбиците да ги посипете еднакво со чоколадо, тогаш ставете ги во сад и со две лажици внимателно вртете ги додека во целост не ги прелиете со чоколадото.

Истото можете да го направите со тоа што бомбиците ќе ги забодете на виљушка и внимателно потоа ја ставите во чоколадото.

Добар апетит!