Home ГОТВАЧ бабини рецепти Бабин рецепт – Кокос коцки

Бабин рецепт – Кокос коцки

23942
G Natural

Состојки:
тесто:

  • 4 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 200 гр брашно
  • 5 лажици млеко
  • 5 лажици масло
  • 1 прашок за пециво

чоколаден сируп:

  • 1 маргарин
  • 3 лажици какао
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 200 мл млеко
  • 200 гр кокосово брашно

Подготовка:

Се матат јајцата и шеќерот, се додава брашното измешано со прашокот за пециво и на крај се додаваат млекото и маслото.
Смесата се става во подмачкан правоаголен сад за печење (тепсија) и се пече на 160⁰С 25 минути.
Тестото се остава да се излади па се вади од тепсијата и се сече на коцки.
Додека тестото се лади, се подготвува чоколадниот сируп – во тенџере, на оган, се става млекото и во него се растопува маргаринот, се додава какаото и претходно растопеното чоколадо. Смесата не треба да врие.
Коцките од тестото на кратко (5 секунди) се потопуваат во сирупот од чоколадо, подеднакво од сите страни. Се вадат, се цеди вишокот од сирупот и се валкаат во кокосовото брашно.

Се служат изладени

Добар апетит!

Кокос коцки