Состојки:
-модар патлиџан
-домат
-кромид
-лук
-магдонос
-кашкавал
-црвено песто
-пармезан
-сол и бибер
-сув зачин
-шафран
-куркума
-мелен лук
Подготовка:
Модриот патлиџан се сече на половина и се прави вдлабнатина.
Се мачка со пестото и се става 20 минути во рерна на 180°.
Потоа се сецкаат зеленчуците ситно заедно со остатокот од модриот патлиџан и се ставаат да се запржат. Се додаваат и зачините.
Се вади модриот патлиџан од рерна и се додава пржениот зеленчук. Кашкавалот се ренда поситно и се додава над модриот патлиџан, а над него се става пармезанот. Во рерна се пече уште 15 мин на 150° степени и ручекот е готов.
Добар апетит!
Рецепт и фотографија: ХРАНА И РЕЦЕПТИ