Состојки:
- 1 зелка
- 500 грама месо ( јунешко, телешко, свинско, пилешко…)
- 5-6 моркови
- 2 главици кромид
- 3-4 домати или 0.5 л пире од домати
- 2-3 ловорови листови
- Магдонос
- Масло
- Сол
- Црн бибер
Подготовка:
Во поголемо тенџере ставете малку масло и исецкан кромид. Пржете го се додека не омекне и додадете го месото, а потоа додадете домати (или доматно пире), малку вода, ловоров лист, сол и бибер. Кога ќе биде варена зелката, додадете мала китка магдонос.
Совет:
Ова јадење може да биде и посно. Наместо месо, ставете праз, компири, пиперка или неколку парчиња соја.