Потребни ви се само пет минути за да го направите овој едноставен и превкусен десерт.
Некогаш едноставните работи се највкусни.
Ова слатко суши многу едноставно се прави, за многу кратко време, а веројатно е еден од највкусните и најефтините десерти за кој не ви треба миксер или печка.
Потребно ви е: палачинки, банана и нутела
Начин на подготовка: палачинката премачкајте ја со нутела, а потоа ставете банана и замотајте. Потоа добиениот ролат исечете го на кругчиња кои убаво ќе ги распоредите на чинија.
Едноставно, брзо и превкусно. Пробајте уште денеска!