Состојки:
- 2 јајца
- ½ лажичka сол
- една шолја (250мл) јогурт
- една шолја брашно
- 1 лажиче сода бикарбона (или прашок за пециво)
Фил:
- 300гр мелено месо (издинстано)
- 2-3 главици кромид (исечен на коцки)
- сол и бибер по вкус
Подготовка:
Измешајте го јогурот и сода бикарбоната и оставете ги да отстојат 5 минути. Потоа додадете ги останатите состојки (за тестото) и убаво измешајте ги. Намачкајте го плехот со масло и попрскајте го со малку брашно.
Во плех ставете половина од тестото, додадете од филот и врз него ставете ја втората половина од тестото.
Ставете да се пече.
Добар апетит!