Во периодот кога ни е најважно да бидеме фит, се одрекуваме од сите слатки и солени задоволства.
Но, што да правиме кога гладта ќе не надвладее и не можеме да ја добиеме битката со празниот стомак?
Еве 35 идеи за вкусни слатки и солени грицки кои имаат помалку од 100 калории, а кои истовремено се здрави и диетални.
Дури и чоколадото е дозволено… ова е списокот.
1. Банана во топено чоколадо: Половина банана исецкајте ја во темно топено чоколадо и уживајте!
2. Една шоља грозје.
3. Еден портокал.
4. Шоља јогурт со мед и цимет.
5. 2-3 резанки ананас од конзерва или свеж.
6. Шоља од било кое точкасто овошје со 2 лажици шлаг.
7. 4 суви смокви.
8. Еден ред црно чоколадо за готвење.
9.Чаша чоколадно млеко.
10. Едно тањирче пудинг од чоколадо.
11. Шоља полна со јагоди и малини прелеани со сок од портокал.
12. Пет поголеми јагоди прелеани со 2 топени коцки чоколадо.
13. Безалкохолен коктел од тропско овошје: Во чаша измешајте издробен лед, сок од ананас, сок од портокал и сок од јаболко.
14. Банана шејк: Наполнете половина шоља ситно сецкана или пасирана банана, четвртина јогурт и додадете малку дробен лед. Мешајте додека не добиете густа смеса.
15. Печена јаболка: Јаолката наполнете ја со обичен шеќер и цимет, а потоа испечете ја.
16. Половина шоља житарки и половина шоља млеко.
17. Пет слатки крекери и половина шоља топло млеко.
18. 25 ф’стаци.
19. 10 желе бомбони.
20. Кафе со млеко.
21. 5 солени крекери и 5 многу тенки парчиња кашкавал.
22. Варено јајце и половина кришка интегрален леб.
23. 2 шољи пуканки.
24. Салата од туна: Измешајте половина шоља туна, додадете едно лажичка кари, лажица ситно сецкан кромид и малку целер.
25. Грчка салата: Еден домат исечкан на коцки и 2 лажици рендано фета сирење.
26. Печен компир: Сварете еден компир, намачкајте го со маслиново масло и оставете го да се пече 10 минути.
27. Сендвич со краставици: На половина парче леб ставете две парчиња сирење и неколку сечкани краставички.
28. 8 маслинки.
29. Четири тенки парчиња пилешко филе заедно со сос од сенф и мед.
30. Едно парче моцарела со 2-3 резанки домат.
31. 15 переци и 2 лажици крем сирење.
32. Салата од краставици: Исечкајте една краставица и прелејте ја со 2 лажци јаболков оцет.
33. Мини сендвич со шунка: Помеѓу 2 тенко сечени парчиња леб ставете шунка, лист зелена салата и сенф.
34. Половина ѓеврек.
35. 4 суви кајсии.