Home ГОТВАЧ Јафа колач, подобар и од оригиналната јафа

Јафа колач, подобар и од оригиналната јафа

5435
G Natural

Состојки:
Тесто:

  • 3 јајца
  • 250 гр шеќер
  • 1 дл млеко
  • 3 лажици масло
  • 300 грама брашно
  • ½ прашок за печиво
  • 1 кесичка ванилин шеќер

Фил:

  • 200 гр шеќер
  • 2 дл вода
  • 6 лажички џем од кајсија
  • 1 замрзнат портокал

Глазура:

  • 3 лажички џем од кајсија
  • 100 гр чоколада
  • 3 лажици млеко

Подготовка:

Тесто – изматете ги јајцата со шеќерот. Матете додека шеќерот не се стопи. Потоа додадете масло и млеко а потоа брашно, прашок за печиво и ванилин шеќер. Печете во плех со димензии 25×30 см. Печете 35 минути на температура од 150 степени.
Фил – зовријте вода, шеќер и 3 лажици џем, неколку минутки. Потоа додадете го изренданиот портокал. Оставете да се олади.
Изладеното тесто исечете го попреку на половина. Горната половина изронете ја и соединете ја со филот.
Долната половина од тестото премачкајте ја со три лажици џем. Одозгора премачкајте го филот и убаво израмнете ја а потоа премачкајте со уште три лажици џем.
Прелијте со глазурата.

Добар апетит!

Јафа колач