Home ГОТВАЧ Знаете ли како навистина се подготвува храната во рестораните?

Знаете ли како навистина се подготвува храната во рестораните?

1897
G Natural

Многу од она што мислите и го знаете за познатите кувари во познатите ресторани, не е точно.
Тие купуваат најевтини намирници
Во рестораните се купуваат најефтините печурки. Рестораните ги користат и од нив прават чуда кои се вкусни и никој не може да примети дека во јадењето всушност нема други печурки освен погоре споменатите.
Според одговорните, евтините печурки подготвени на вкусен начин ќе ги задоволат гостите а ресторанот ќе заштеди. Истото се случува и со многу други намирници.
Многу често не се користат ножеви
Сите гледаме кулинарски емисии каде познатите кувари ги сечкаат намирниците со огромна брзина. Во реалноста не е баш така. Сечкањето на намирниците одзема многу време па во кујните на рестораните се користат алтернативни начини со цел да се намали сечкањето. Многумина во своите кујни се обидуваат да ги сечат намирниците како вистинските професионални готвачи, но не оптоварувајте се со ова, бидејќи очигледно и самите ресторани го избегнуваат.
Она што го гледате пред малите екрани, најчесто е шоу за јавноста.
Маслиновото масло не е главно масло
Телевизиските емисии прикажуваат кувари кои константно користат маслиново масло и тоа во големи количини. Но во реалноста тие користат најразлични видови на масло а маслиновото најчесто го употребуваат како зачин и додаток на јадењата кои веќе се готови.

Ресторан