Home ПИЈАЛОЦИ здрави Златно млеко – пијалок за здравје

Златно млеко – пијалок за здравје

2378
G Natural

Можеби името Златно млеко звучи необично, но древната индиска медицина одамна го препорачува овој пијалок како извор на здравје.
Се подготвува лесно и едноставно, сите состојки се проверени, а лековитоста е докажана.
Рецепт за Златно млеко
¼ шолја вода се вари околу 8 минути со 1/8 мало лажиче куркума (отприлика проценете за количеството на куркума).
Во посебен сад се става 1 шолја млеко (кравјо или козјо) и 2 лажици бадемово масло. Оставете го да зоврие, тргнете го од оган, па додадете ја смесата од вода и куркума и мешајте додека добиете течност со златна боја.
Кога малку ќе се излади засладете со лажица мед. Млекото се пие додека е топло.
Овој пијалок се покажал како одличен лек за коските, зглобовите и кичмата, го зајакнува имунитетот, помага при артритис, поволно делува на женските репродуктивни органи, ги ублажува несоницата, депресијата и исцрпеноста.
За куркумата одамна се знае дека лекува карцином, може да се најде во сите добро снабдени маркети и продавниците за здрава храна.

Златно млеко