Home ГОТВАЧ гезме Вкусно и здраво мезе – Печени тиквички со пармезан

Вкусно и здраво мезе – Печени тиквички со пармезан

6933
G Natural

Состојки:

  • 2 тиквички со средна големина
  • маслиново масло
  • 100гр рендан пармезан
  • 100гр лебни трошки
  • сол
  • бибер

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 220 степени целзиусови. На тава за печење ставете мрсна хартија.
Тиквичките исецкајте ги на кругови и намачкајте ги со маслиново масло. Во посебен сад измешајте ги останатите состојки и секој круг тиквичка убаво натопете го во смесата и потоа убаво распоредете ги круговите врз мрсната хартија на тавата за печење.
Печете 25-30минути, или додека не добијат златна боја.

Добар апетит!

Чипс од тиквици