Home ГОТВАЧ Вкусно и брзо – Мафини со јаболко и цимет

Вкусно и брзо – Мафини со јаболко и цимет

9405
G Natural

Состојки:

  • 3 слатки јаболка
  • 250 грама брашно
  • 1 прашок за печење
  • 1/2 лажица сода бикарбона
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажичка цимет
  • 1 јајце
  • 1 dl. масло
  • 2 dl. јогурт

Подготовка:

Измешајте ги исечените јаболка со сокот од лимон, а во зависност од вкусот можете да додадете и рендана кора од лимонот. Во еден сад измешајте ги сувите состојки, а потоа постепено додајте ги јајцето, маслото и јогуртот.

Кога смесата ќе стане хомогена, додајте ги јаболката. Кај мафините секогаш вреди правилото „водено во суво“, до кое треба да се држите. Ставете ја смесата во калапи и печете ги 25 минути на 180 степени.

Добар апетит!

Мафини со цимет и јаболко