Home ГОТВАЧ Вкусна торта од крем банани – нема печење, готова е за 15...

Вкусна торта од крем банани – нема печење, готова е за 15 минути

5153
SHARE

Разубавете си го денот со една вкусна торта која ќе ви одземе минимално време за подготовка.

Овој рецепт е идеален за сите оние кои не сакаат да минуваат долго време во кујна.

Тортата е готова е за само 15 минути, нема печење и е многу едноставна за подготовка.

Еве што ви е потребно:

 

Состав:

  •  1 пакување бисквити
  • 24 чоколадни крем банани
  • 200 милилитри кисела павлака
  • 200 милилитри слатка павлака
  • 200 грама шеќер во прав
  • Шлаг пена

Подготовка:

Во поголем сад со помош на миксер изматете ги киселата и слатката павлака и додадете го шеќерот во прав. Во смесата додајте ги искршените бисквити а потоа и крем бананите кои исто така се кршени. Измешајте со рака.

Смесата префрлете ја во соодветен сад. Украсете ја тортата со шлаг пена.

Доколку е потребно, можете веднаш да ја сервирате тортата, иако многу подобро е пред да ја сервирате, да ја оставите малку да се олади во фрижидерот.

Добар апетит!