Home ГОТВАЧ бабини рецепти Вкусен колач со кисело млеко

Вкусен колач со кисело млеко

10581
G Natural

Состојки:

  • 400 мл. кисело млеко
  • 250 г. шеќер
  • 100 г. кокос
  • 20 г. сода бикарбона
  • 200 мл. зејтин
  • 2 супени лажици какао
  • 300 г. Брашно
  • 100 г. чоколадно за готвење (рендано)
  • 4 лажици мармалад

Подготовка:
Во сад се мешаат киселото млеко и шеќерот додека не се соединат, а после тоа со мешање се додава сода бикарбона, кокос, зејтин, какао и брашно и продолжува да се меша додека не се соедини смесата.
Смесата се става во тава намачкана со масло и се остава да отстои 10 минути.

После тоа се пече на 200 степени точно 30 минути точно. Од кога ќе се испече може малку да се остави да се олади но и не мора, се мачка со мармаладот па се посипува со рендано чоколадо. Се остава малку да се олади па се сече на коцки.

Добар апетит!

Колач со кисело млеко