Home ГОТВАЧ Ви се пријаде благо? – Направете си еклери

Ви се пријаде благо? – Направете си еклери

4898
SHARE

Ако сакате да се почестите или пак да ги израдувате вашите најблиски со вкусен десерт, еве едноставен начин да направите еклери. Од една страна ќе бидете сигурни дека ќе избегнете труење, а од друга – јадењата се секогаш повкусни кога самите ќе ги приготвите.
Состојки:

  • 150гр масло
  • 400гр вода
  • 200гр брашно
  • 5 јајца
  • 1л млеко
  • 3 пудинга од ванила
  • 10 лажiци шеќер

Подготовка:
Се става да зоврие водата и маслото, потоа се додава брашното и убаво се меша смесата да почне да се одлепува од тенџерето и се остава да олади. Кога е оладено се мати со миксер со перките за тесто и постепено се додава едно по едно јајцата. Потоа со помош на шприц се прават еклерите во тавче за печење. Се печат и се остават да оладнат, потоа се пресекуват преку средина и се полнат со крем.
Фил:
Се става млекото со шеќерот да зоврие, а во еден мал дел од млекото се раствара пудингот кој се сипува во врелото млеко и се прави густ крем кој се остава да олади.

Добар апетит!

Еклер