Home ГОТВАЧ гезме Потпечен леб со лук

Потпечен леб со лук

6953
G Natural

Состојки:

  • 3 лажици сечкан магдонос
  • 200 гр. путер
  • 5 лукчиња
  • 1 француски багет
  • сол и бибер

Подготовка:


Оставете го путерот на собна температура да омекне. Загрејте ја рерната на 175 степени. Во сад додадете го путерот, ситно издробените чешниња лук, сецканиот магдонос, сол и бибер. Убаво промешајте ги сите состојки. Багетот исечето го на кришки, со тоа што нема да засекувате до крај. Помеѓу кришките намачкајте од претходно приготвената смеса. На крај премачкајте го багетот и одозгора. Замотајте го багетот во фолија и ставете да се пече 10 минути. Свртете го од другата страна и печете уште 10 минути.
Добар апетит!

леб со лук