Пита со спанаќ и сиренце

Пита со спанаќ и сиренце

18735
СПОДЕЛИ

Состојки:

Тесто:

  • 600 гр брашно
  • 2 лажици сув квасец
  • 1 мала лажичка шеќер
  • Сол по желба
  • 2 јајца
  • Млака вода по потреба

Фил:

  • 2 лажици путер
  • 3 лажици масло
  • 400 гр сирење
  • 200 гр спанаќ
  • Малку сол

Премачкување:

  • 1 жолчка
  • 1 лажица вода
  • сусам

Од горе наведените состојки замесете тесто. Замотајте го и оставете го околу половина час да  нарасне.

Откако ќе нарасне, поделете го тестото на 6 еднави делови. Секој дел обликувајте го во топче.

Растопете го путерот и додадете му го маслото. На оваа смеса додадете го сирењето и малку сол па измешајте.

Спанаќот малку пропржете го, исцедете го и исечкајте го ситно.

Додадете го во смесата со сирење и промешајте.

Секоја топка тесто растегнете ја со големина на плехот во кој ќе печете (плех бр.34) и посипете со филот.

Последното тесто намачкајте го со изматената жолчка и вода.

Оставете плехот да отстои дваесетина минути.

Посипете со сусам и печете на 180 степени додека питата не добие убава боја.

Готовата пита премачкајте ја со путер, покријте ја и оставете да омекне.

Исечете ја на големи коцки и послужете ја.

Добар апетит!

Пита со спанаќ и сирење