Home СОВЕТИ Оваа билка убива 98 % од ракот за само 16 часа

Оваа билка убива 98 % од ракот за само 16 часа

6012
G Natural

Со оглед на тоа што е една од најсмртоносните болести, научниците постојано се трудат да изнајдат препарати кои што конечно ќе и стават крај на оваа болест.

Eден од нив е и оваа билка која за само 16 часа може да убие дури 98% од клетките на ракот.

Имено, според истражувањата кои што биле објавени во „Life Science“, артемисининот, дериват од билката „Sweet wormwood“ или „Artemisia Annua“, што во буквален превод од англиски би значело „сладок пелин“, бил користен и во кинеската медицина и истиот може да убие 98% од клетките на ракот на градите за помалку од 16 часа.

Доколку се користи само билката, истата предизвикува 28 процентно намалување на клетките на ракот на градите, но во комбинација со железо, „Artemisia Annua“ успешно го „брише“ ракот речиси во целост, додека пак кај здравите клетки на градите не биле забележани влијанија на оваа билка при спроведениот експеримент.

Овој екстракт во Кина бил користен илјадници години, како лек против маларијата. Паразитот на маларијата не може да живее во присутност на артемисининот затоа што изобилува со железо, а био-инженерите Хенри Лаи и Нарендра Синг од Универзитетот во Вашингтон биле научниците кои што први го откриле ова.

Во рамките на нивното истражување било докажано дека канцерогените клетки доживуваат апоптоза или сопствено уништување, а досега овој екстракт било тешко да се набави по поповолни цени, но со зголемениот интерес за оваа билка, и цената би можела да стане поприфатлива.

Францускиот производител на лекови „Sanofi“ соопштил дека очекува производство од 50 до 60 тони артемисинин секоја година, надевајќи се дека тоа ќе ја задоволи побарувачката на светскиот пазар.