Home ГОТВАЧ Најбрзата торта со бисквити

Најбрзата торта со бисквити

6253
G Natural

Состојки:

  • сладолед од ванила (подгответе го самите, купете прашок за сладолед од најблиската продавница и изматете го)
  • бисквити,
  • банани и јагоди.

Подготовка:

Постапката за приготвувањето е едноставна – ред сладолед, ред бисквити, ред сладолед, ред јагоди, ред бисквити, ред сладолед, ред банани, ред бисквити, ред сладолед, ред јагоди.

Совети:

1. Откако убаво ќе го изматите сладоледот, разделете го на четири делови кои во подоцнежното приготвување ќе ги распределите еднакво.

2. Освен јагодите и бананите, овој десерт би бил уште повкусен и доколку во него додадете и некакви јаткасти плодови, како на пример сецкани ореви или лешници.

3. Откако ќе ги наредите сите состојки според прикажаниот редослед, оставете ја тортата во замрзнувач најмалку 2 до 3 часа за да се зацврсти.

Добар апетит!

Торта со бисквити