Home ГОТВАЧ бабини рецепти Мусака од рендан компир и моркови – мека и сочна

Мусака од рендан компир и моркови – мека и сочна

7398
G Natural

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 1 голема главица кромид
  • 2 големи моркови
  • 5 компири со средна големина
  • 3 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 1 лажица вегета
  • 1 лажица сол
  • Бибер
  • Масло за готвење

Подготовка:

Исчистете ги и изрендајте ги морковите и компирите. Ситно исецканиот кромид пропржете го во загреана тава со малку масло. Додадете ги морковите па кога се ќе омекне додадете ги ренданите компири. Зачинете.
По посебен со малку масло сад пропржете го меленото месо, додавајќи во него чаша вода. Зачинете. Доволни се десетина минути динстање, додека месото не ја промени својата боја.
Во сад за печење сипајте ја мешавината од компир, кромид и компир. Преку неа распоредете го меленото месо. Веднаш потоа преку месото додатете 3 изматени јајца заедно со 20 мл јогурт.
Сето ова посолете го со малку бибер и оставете да се пече 40 минути на температура од 180 степени.
Добар апетит!

Мусака