Состојки:
- 300 гр макарони
- 200 гр фета сирење
- 100 гр зелени маслинки
- 200 мл бело вино
- 200 мл супа
- 2 главици кромид
- 3 млади кромидчиња
- 4 домати
- 2 лажици масло за јадење
- сол и бибер
Подготовка:
Сварете ги макароните. Во меѓувреме исчистете го кромидот и исецкајте го на коцки. Младиот кромид исечете го на тркалца. Доматите попарете ги со топла вода, за да може полесно да ги излупите. Исецкајте ги и нив. Загрејте го маслото и додадете го кромидот. Кога ќе се запржи додадете го младиот кромид, супата, виното и оставете на кратко нека се динста. Потоа додадете ги макароните и доматите и зачинете по желба. Додадете го и фета сирењето, и се заедно да се пропржи. На крајот ставете ги и маслинките исечени на парчиња. Послужете додека јадењето е топло. Може да украсите со гранчиња босилек.
Добар апетит!