Home ВАШИ РЕЦЕПТИ Летен деликатес – Сатараш со јајца

Летен деликатес – Сатараш со јајца

2137
SHARE

Состојки:

  • 2 главици кромид
  • 4-5 пиперки
  • 7-8 зрели домати
  • 1 луто пиперче
  • зачин
  • масло
  • 2-3 јајца
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Кромидот се чисти и се сече на тенки долгнавести резанки. Се динста додека не омекне, на загреано масло  со повремено додавање на вода, да не изгори. За тоа време пиперките се сечкаат на коцки. По 10-ина минути, се додаваат на кромидот и се динстаат додека и тие не омекнат. Додека пиперките се пржат, се сечкаат излупените домати на ситни парчиња и се додаваат во тавата.  Се намалува температурата, се додаваат и зачините, сечкана лута пиперка и малку вода. Смесата се динста 10-ина минути, водата треба да испари и смесата да добие густина. Кога зеленчукот ќе биде убаво динстан и омекнат, одозгора се кршат 2-3 јајца и се пржат на тивко, без мешање, по потреба тавата се протресува. Се пржи додека јајцата не бидат убаво испржени. Потоа се посипува со сечкан магдонос и се служи во тавата во која се пржел сатарашот.

Добар апетит!

Сатараш