Home ГОТВАЧ “КИФЛИЧИЊА”( посни кроасани )

“КИФЛИЧИЊА”( посни кроасани )

8256
SHARE

Овој рецепт ни го испрати читателка ос Струмица

Состојки:

  • околу 1 кгр брашно
  • пола литар топла вода(пола минерална, пола обична)
  • една чаша од 2 дл масло
  • 2-3 лажичиња шеќер
  • 1 лажица сол
  • 1 коцка квасец (40 гр)
  • 1 маргарин (коцка)

Подготовка:
Во пола чаша топла вода и 1 лажичка шеќер се става квасецот и 3-4 лажичиња брашно да надојде.Се промешува и пак се остава да надојде.
Се замесува средно меко тесто од брашното,маслото, водата, останатите состојки и надојдениот квасец. Се остава на топло да одмара и при тоа неколку пати се премесува. Се дели на 4 дела. Секој дел се дели на по 8 топчиња, се сукаат катмерчиња и се премачкуваат (7) со маргарин, осмото се става одозгора, се притиска малку и се става настрана.

Постапката се повторува со остнатите топчиња. Се развлекува кора од осумте катмерчиња поголема и се дели на 16 дела.

Се виткаат кифлички, се редат во плек за печење премачкан со малку маргарин. Се оставаат да надојдат убаво покриени со платнена салфета, но не на многу топло, за да не се стопи маргаринот. Бидејќи се посни не се премачкуваат со ништо,се ставаат во загреана рерна (250 степ.), а по некое време се намалува температурата и убаво се печат.

Од оваа количина излегуваат два плеха кифлички, кои по желба можат и да се смрзнат.

Добар апетит!

Кифличиња

Доколку и вие сакате да споделите со нас и нашите читатели некој ваш омилен рецепт, тоа можете да го направите на оваа страна во секцијата ИСПРАТИ РЕЦЕПТ, или на нашиот меил: info@hitportal.com.mk