Home ПИЈАЛОЦИ здрави Како сами да си направите бадемово млеко – ги зајакнува мускулите и...

Како сами да си направите бадемово млеко – ги зајакнува мускулите и нервите

2651
G Natural

Овој вид на млеко не може да се најде на рафтовите од маркетите, но затоа лесно може да се подготви дома.
Од благо сладникавото и со препознатлив вкус јаткасто овошје може да се подготви млечен напиток кој ќе биде богат со калциум и витамин Д, но сиромашен со протеини. содржи само 60-90 калории по чаша.
Полно е со витамин Е, моќен антиоксидант кој има улога за спречување на предвременото стареење. Освен овој витамин содржи и витамин Д, калциум, магнезиум, селен…
Бадемот ги зајакнува нервите и мускулите, поволно делува на нервниот систем, за цревата е антисептик, го снабдува телото со многу минерали (калциум, калиум, цинк, железо), го забрзува варењето.
Бадемовото млеко е одличен извор на протеини и влакна. Нема холестерол и заситени масти како што има во кравјото млеко. Ова млеко не содржи лактоза и казеин.
Состојки:

  • 100 г бадеми лупени
  • 1 л вода
  • 3 лажици агавин сируп или 6-7 урми

Подготовка:
Бадемите ставете ги во вода да одстојат преку вечер.
Водата во која што стоеле исфрлете ја и измијте ги бадемите.
Накиснатите бадеми лесно се лупат, за подготовка на ова млеко се препорачува да се лупени, бидејќи во самата лушпа има една горчива материја која и не е баш од големо значење.
Вака накиснатите бадеми ослободуваат хранливи ензими кои се многу добри за воспоставуванје на алкална средина во организмот.

Бадемово млеко

Лупените бадеми ставете ги во блендер заедно со агавиниот сируп или урмите (а и немора да го засладувата доколку не сакате) и додадете ја водата, цела или половина во зависност од големината на блендерот.

Оставете го млекото во шише или тегла за да се сталожат покрупните парчиња од бадемите и прецедете го.

Може да го чувате млекото вака подготвено во фрижидер 3 – 4 дена и да го користите како алтернатива за кравјо млеко, за со мусли, десерти…

Одлична и многу поздрава алтернатива за млеко кое е многу побогато со калциум и одлично за алкализирање на организмот.

Бадемово млеко