Home ГОТВАЧ гезме Еве како да си направите „Жужу“ лиснатици

Еве како да си направите „Жужу“ лиснатици

8506
G Natural

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 300 мл масло
  • 100 мл вода
  • 1 лажичка сол
  • 250 гр маргарин
  • 100 гр сусам

Подготовка:

Во длабок сад ставете го брашното, маслото, солта и водата и замесете тесто.
Потоа развлечете што е можно потенка кора и премачкајте ја со третина од потребниот маргарин.
Тестото склопете го како писмо и оставете да отстои половина час.
Постапката повторете ја уште два пати со пауза од половина час.
Четвртиот пат кората премачкајте ја со масло и оставете уште еднаш да отстои уште половина час.
Потопа равлечете ја кората со дебелна на прстот , наросете со сусам и вадете питички (коцки или правоаголници)
Печете на 200 степени.

Добар апетит!

Жужу