Home ГОТВАЧ бабини рецепти Експресен ручек – пекарски ѓувеч

Експресен ручек – пекарски ѓувеч

11000
G Natural

Состојки:

  • 6 компири
  • 250 гр мелено месо
  • 1/2 шоља ориз
  • 1 црвен кромид
  • 1 морков
  • сув зачин
  • бибер
  • сецкани домати
  • 1 лажица пире од домати

Подготовка:
Издинстајте ги сецканите моркови, додадете го месото, биберот и зачинот. Откако месото ќе се издинста, додадете ги сецканите домати и пирето од домати. Излупете ги компирите и исечете ги на кришки. Во огноотпорен сад наредете ред компири, ред ориз. Ставете сол. Одозгора ставете го издинстаното месо со кромид и морков, па врз него уште еден ред компири. Полиете со вода, така што водата ќе ги покрие компирите. Покриете со фолија и ставете во рерна да се пече околу 20 минути на 200 степени.

Добар апетит!

Ѓувеч