Home СОВЕТИ Експерт за труење со храна открива: Избегнувајте ги овие јадења

Експерт за труење со храна открива: Избегнувајте ги овие јадења

254
SHARE

После долгогодишно искуство со судски процеси поврзани со труење од храна, Бил Марлер престанал да консумира одредени јадења.

Адвокатот кој го води случајот против мексиканскиот синџир за брза храна Chipotle, откако се појавиле серија случаи со ешерихија коли, ни објаснува кои јадења ги исфрлил од својата исхрана и зошто. После долгото искуство во судницата и многуте добиени случаи, одлучил дека оваа храна не е вредна за ризикот кој се презема ако ја јадеме.

1. Сирови, необработени школки

Според адвокатот, во последниве 5 години има многу повеќе труење предизвикано од школки, отколку во претходните 20 години, а тоа се должи на зголемените температури на морињата и океаните. Како што се зголемува глобалната температура, така се зголемува и бројот на микроскопски организми кои завршуваат во необработените школки кои често се консумираат.

2. Претходно сечени или измиени овошја и зеленчуци

Kолку повеќе луѓе ја допреле храната, толку се поголеми шансите за пренесување на одредена зараза.

3. Живо месо

Месото треба да е најмалку средно печено за да биде безбедно за јадење. Според експертите, месото треба да се готви на минимум од 160 степени за да ги уништи бактериите кои можат да предизвикаат ешерихија коли или салмонела.

4. Живи јајца

За сите кои се сеќаваат на епидемијата од салмонела во осумдесеттите и деведесеттите години, ова не е нешто ново. Според Марлер, шансите да добиете труење од живи јајца сега се многу помали, но сепак нема потреба да се ризикува.