Home ГОТВАЧ Двобојна торта без печење – брзо и лесно

Двобојна торта без печење – брзо и лесно

5589
G Natural

Состојки:

  • 1 литар млеко
  • 10 лажици шеќер
  • 3 пудинзи од ванила
  • 300 г млечно чоколадо
  • 100 г бело чоколадо
  • 500 мл слатка павлака
  • Бисквити

Подготовка:

Во 200 мл млеко разматете ги пудинзите и шеќерот. Остатокот млеко сипете го во тенџере, пуштете го на средна температура и почекајте да зоврие. Додајте ги разматените пудинзи со шеќерот и мешајте додека не добиете пудинг смеса.
Поделете ја количината на два еднакви дела, па во едниот ставете го млечното, а во другиот белото чоколадо. Мешајте додека чоколадото не се растопи. После тоа оставете смесата да се олади.
Измиксајте ја слатката павлака, па по четврт од добиената смеса додајте во двете смеси со чоколадо.
Во кружен калап (може и тавче), ставете фолија на дното и на страните, па излијте ја белата смеса и дел од темната смеса. Смесите благо промешајте ги како би се формирале црно-бели шари.
После тоа нанесете го остатокот од слатката павлака, па остатокот од темната смеса и израмнете. Правете го ова полека, без брзање.
Бисквитите натопете ги во млеко и редете ги по површината на смесата. Потоа преку колачот поставете фолија и ставете го во фрижидер на околу 2 часа за сосема да се стегне.
Извадете го, тргнете ја фолијата и ставете кружен послужавник врз колачот (добро е да е малку поголем од колачот) и превртете. Отстранете го калапот и тоа е тоа. Тортата може да се декорира по желба.

Двобојна торта

Хиткујна.мк/кафепауза.мк