Home ГОТВАЧ Чоколадна торта без брашно

Чоколадна торта без брашно

7044
G Natural

Состојки:
За тестото:

  • 350 гр. – исечкано чоколадо за готвење.
  • 175гр . – путер, исечкан на 6 делови.
  • 5 поголеми јајца.
  • 1 шолја шеќер.
  • 2 кес.ванилин шеќер.
  • ¼ лажичка сол.
  • ¼ шоља – какао во прав.

За глазурата:

  • 115 гр. Чоколадо за готвење.
  • 40 гр. Путер

Подготовка:
Тесто:
Премачкајте со зејтин , округол калап за колачи со пречник околу 22см и загрејте ја рерната на 150ц.
На пареа стопете ги чоколадото и путерот и соединете ги.
Во чинија со миксер изматете ги јајцата, шеќерот, ванилата, солта и 2 лажици топла вода.
Миксирајте на средна брзина додека смесата не стане светла и не се згусне дупло.(миксирајте околу 2 мин.).
Намалете ја брзината и додадете ја чоколадната смеса.
Зголемете ја брзината и миксирајте 30сек.
Потоа додадете го какаото и миксирајте уште 30 сек.
Налејте ја смесата во калапот и печете 40 – 45 мин.
Со чепкалка за заби проверете дали е готово тестото, ако е влажна со неколку трошки тогаш е готово тестото.
Оставете го на страна да се олади, 30 мин.
Со метална шпакла одвојте ја тортата од плехот и ставете ја на метална решетка да се олади потполно.
Префрлете на тањир, покријте и оставете ја минимум 6 часа во фрижидер.
Глазура:
Стопете го чоколадото и путерот на пареа.
Замешајте и прелијте преку ладната торта.
Распоредете го со шпакла.
Оставете во фрижидер на 20 – 40 мин.додека да се стврдне чоколадото.
Пред служење ставете ја тортата на собна температура барем 20мин.

Добар апетит!

Чоколадна торта