Home ГОТВАЧ Брзи крофнички (далматински фритули)

Брзи крофнички (далматински фритули)

8427
G Natural

Состојки:

  • 2 чашки јогурт
  • 2 јајца
  • 20 лажици брашно
  • малку сол
  • 4 лажици шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1 прашок за пециво
  • рендана кора од 1 лимон
  • 1 лажица ракија
  • масло

за посипување:

  • шеќер во прав
  • цимет
  • мелено каранфилче

Пoдготовка:

Сите состојки, освен маслото, се мешаат во еден сад (најдобро со дрвена лажица). Се добива средно густо и малку лепливо тесто. Тестото се остава 30-ина минути да отстои.
Во тенџере или длабока тава се става масло, околу 4-5 цм.(кога маслото е подлабоко, крофните сами се превртуваат кога се пржат) Се загрева на средна температура, да не биде премногу жешко. Во загреаното масло со лажица се зема од тестото и со рака или со две лажици се прават топчиња и се ставаат со маслото. Се пржат додека не добијат златно кафена боја. Ракијата во тестото нема да дозволи крофните да впијат многу масло.
Кога крофничките се пржени, се ставаат на кујнска харија да се впие вишокот масло. Се оставаат малку да се изладат и се посипуваат со мешавина од шеќер во прав, цимет и каранфилче.

Добар апетит!

Брзи крофнички