Home СОВЕТИ Босилек, кралска билка полна со здравје

Босилек, кралска билка полна со здравје

277
SHARE

Босилекот е познат низ целиот свет, a неговите зелени, миризливи листови го прават извонредно растениe кое секогаш е во служба на здравјето.
Во Италија го нарекуваат растение на љубовта, а за Грците ова е кралска билка.

Главното дејство на босилекот, кое било откриено уште од многу одамна од нашите предци е неговата чудесна способност да ни помогне при проблеми со стомакот, подобрување на работата на желудникот, смирување на нервниот систем, несоница, грчеви во желудникот, труења и детоксикација на организамот.

Чајот приготвен од босилек им помага на младите мајки да го зголемат млекото за да можат непречено да дојат.

Свежо исцедениот сок од босилек се користи како лек против ушна инфекција. Чајот од босилек се приготвува на вообичаен начин како и сите други чаеви кои досега сме ги спомнале, а здрав човек може да го конзумира 2 до 3 пати дневно, без шеќер или малку засладен со мед.