Home ГОТВАЧ бабини рецепти Ќе се изненадите колку се вкусни и меки: Супер брзи и лесни...

Ќе се изненадите колку се вкусни и меки: Супер брзи и лесни панцероти (видео рецепт)

6615
G Natural

Пробајте го овој рецепт! Одличен е и за почетници а панцеротите се вистински погодок!

Деталната подготовка погледнете ја во видеото подолу:

Сoстојки:

500 гр брашно

40 грама свеж квасец

1 лажица шеќер

1/2 лажичка сол

5 лажици масло

300 мл млеко

фил по желба (сирење, кашкавал, шунка…)

Подготовка:

Од наведените состојки замесете тесто и оставете го да отстои. Откако ќе нарасне, тестото разделете го на мали топчиња. Секое топче се рассукува и се филува со фил по желба. Се преклопува и со помош на вилушка се затвора за да не истече филот.

Панцеротите се пржат во врело масло, кратко, додека заруменат!

Добар апетит!