Home ГОТВАЧ Зимски сладолед во три чекори

Зимски сладолед во три чекори

4574
G Natural

Состојки:

  • 100 грама парчиња темна чоколада (70% какао)
  • 300 милилитри полномасно млеко
  • 85 грама шеќер
  • 3 жолчки од јајце
  • 300 милилитри слатка павлака
  • 6 корнети

Подготовка:

1. Ставете ги прачињата чоколада и млекото во сад. Загревајте на тивок оган со постојано мешање се додека не се создаде една смеса. Тргнете од оган и оставете да се олади.
2. Изматете го шеќерот и жолчките во густа смеса. Смесата ставете ја во садот и врз неа додадете ја смесата од стопената чоколада. Се заедно гответе на тивок оган со непрестано мешање. За да проверите дали е постигната бараната густина, користете дрвена лажица. Доколку смесата не се одделува од лажицата, тогаш е готова и со саканата густина.
3. Оставете ја смесата да се олади и повремено мешајте за да не се создаде кора на врвот. Изматете шлаг од слатката павлака и соединете ја со смесата. Ставете ја во замрзнувач и по два часа послужете.

Совет:

Како додаток можете да користите ореви, цимет, суво овошје и слично.

Сладолед