Home ГОТВАЧ гезме Зимски бакнежи од кисело тесто – неодоливо крцкави и вкусни

Зимски бакнежи од кисело тесто – неодоливо крцкави и вкусни

6421
G Natural

Состојки:

  • 400 грама брашно тип 500
  • 150 милилитри млеко
  • 1 свеж квасец (40грама)
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 2 јајца
  • 100 грама стопен маргарин
  • Димено месо

Подготовка:
Квасецот измешајте го со една лажичка шеќер и млако млеко, па оставете да стаса. Потоа квасецот ставете го во брашното, додајте сол и едно цело јајце плус една жолчка.
Замесете го тестото и оставете го 15 тина минути на собна температура за да нарасне.
Потоа размесете го и растегнете го што е можnо потенко на подлога попрскана со брашно.
Премачкајте го тестото со растопениот маргарин и замотајте го како штрудла. Оставете ја штрудлата така да отстои уште 15 тина минути.
На средина на штрудлата, по должина ставете оклагија и полека раширете ја на ширината околу 10-12 сантиметри.
По рабовите на растегнатата штрудла наредете ги парчињата димено месо и нежно доближете ги рабовите од штрудлата.
Штрудлата се сече на парчиња со должина од околу три сантиметри. Во сад за печење мафини се ставаат по две парчиња.
Премачкајте ги со разматена белка од јајце и со малку сол и вклучете ја рерната да се загрее на 250 степени.
Додека се загрева рерната, оставете ги „зимските бакнежи“ да отстојат уште малку и да се спојат.
Печете 5 минути на 250 степени а потоа намалете ја печката на 180 степени.
По 15-20 минути, во зависност од печката, кифличките се готови.
Добар апетит!

Зимски бакнежи