Home ГОТВАЧ главни јадења Запечен компир со маслинки

Запечен компир со маслинки

5111
G Natural

Потребни состојки:

4 поголеми компири
100 гр. маслинки
2 домати
1 дл сок од домати
две главици кромид
сув зачин
масло
мал морков.

Подготовка:

На малку масло продинстајте го кромидот, додајте половина компир сечен на коцки, морковот и вода колку да го прекрие компирот. Динстајте додека компирот не се зготви. Со блендер направете кашеста смеса.

Остатокот од компирите со лушпата сварете ги. Исцедете ги и исечете ги на тенки кругови. Посолете ги. Ставете масло во тава за печење, додајте кромид исечен на кругови, ставете ред компири, па домат исечен на кругови или кришки. Преку нив прелијте ја кашата со компири и одозгора наредете ги маслинките. Печете на 200 степени, 30 минути.