Сите знаат дека, кога сме болни, од топлиот чај и супата се чувствуваме многу подобро.
Но, постојат одредени намирници кои не се сојузници во борбата против настинката, туку можат дополнително да ги зголемат симптомите.
Дознајте кои се тие.
1. Купечките овошни сокови
Исцедените овошни сокови се преполни со витамини и минерали кои на болното тело и тоа како му се потребни, но тоа не важи за соковите купени во продавница. Имено, таквите напитоци во себе содржат големи количини на шеќер кој се врзува за крвта и ги „краде“ витамините од телото и со самото тоа го ослабуваат имунитетот.
2. Пржена храна
Пржената храна не е здрава ниту кога сме здрави, а замислете само колку таа е штетна за телото ослабено со вироза. Таа е препона со заситени маснотии кои се тешко сварливи и можат значајно да го пореметат системот за варење на организмот кој додека е болен и онака не работи со полна сила.
Кога сме болни, би требало да го зголемиме внесувањето на течности. Кафето, односно кофеинот како главна состојка на црниот напиток како многу силен диуретик може да предизвика дехидрација на веќе ослабениот организам.
Киселите намирници можат да ја иритираат веќе болната и оштетена слузница што дополнително може да ги зголеми симптомите на болест. Во оваа група спаѓаат скиселениот зеленчук, цитрусите, посебно портокалите и доматите. Најдобро е цитрусите да ги исцедите и да ги помешате со топол напиток и мед.
Баш како и кафето, алкохолот ги „истерува“ течностите од телото и со самото тоа може да предизвика дехидрација, а мешањето на алкохол и некои лекови може да го намали нивното делување. Иако истражувањата потврдуваат дека чаша вино со оброк го зајакнува имунитетот, кога сте болни, оваа навика исфрлете ја и заменете ја со чаша природен сок или чај.
Иако млечните производи содржат протеини и витамин Д кој помага во зајакнување на организмот, исто така го зголемуваат излачувањето на природната слуз во организмот што може дополнително да ја зајакне кашлицата.