Home ГОТВАЧ гезме Вкусно пилешко со тестенини и зеленчук

Вкусно пилешко со тестенини и зеленчук

5532
G Natural

Состојки:

  • 200 грама шпагети,
  • 400 грама пилешки гради,
  • 3 лажици вино,
  • 1/2 лажица ѓумбир во прав,
  • 1 лажица сув зачин,
  • масло,
  • 3 лажици соја сос,
  • 150 грама пченка,
  • 100 грама боранија,
  • 100 грама црвена пиперка,
  • 100 грама кромид,
  • 2 чешниња лук,
  • 100 грама морков
  • 1 лажица цветен мед

Подготовка:

Шпагетите сварете ги и исцедете ги. Пилешкото месо сечете го на ленти. Зеленчукот исчистете го, измијте го и исечете го на кругчиња. Боранијата и пченката сварете ја. Месото испржете го во тава на загреано масло и тргнете го на страна. На истото масло пропржете го и зеленчукот и ситно сецканиот лук. Кога е готово, вратете го месото, боранијата и пченката. Додајте зачин, соја сос, ѓумбир, мед и вино, и гответе уште малку. Во половина од подготвеното месо и зеленчук измешајте ги шпагетите, а потоа на нив распоредете го и остатокот од зеленчукот и месотот, па послужете.

Пилешко со тестенини и зеленчук