Home ГОТВАЧ Вкусно и лесно: Торта со јаболка и пудинг од ванила

Вкусно и лесно: Торта со јаболка и пудинг од ванила

13574
G Natural

Состојки: 

  • 250гр брашно
  •  едно лажиче прашок за пециво
  •  100гр шеќер
  •  едно лажиче рендана кора од лимон
  •  125гр путер
  •  1 јајце

За фил:

  • 1кг јаболка
  •  сок од лимон
  •  145гр шеќер
  •  2 пудинга од ванила
  •  ванилин шеќер
  •  750мл сок од јаболко
  •  400мл шлаг
  •  50гр суво грозје

Подготовка:

Измешајте го брашното со пецивото, шеќерот, шеќерот од ванила и кората од лимон. Додадете го путерот и јајцето и се добро измешајте. Тестото во фолија ладете го 30 минути.

Калап со пречник од 26см подмачкајте го и со 2/3 од тестото обложете го дното. Од останатиот дел од тестото формирајте 4 сантиметри висока ивица и зацврстете ја за ивиците на калапот.

Јаболаката излупете ги и ситно исецкајте ги. Измешајте ги со сокот од лимон и 3 лажици шеќер. Веднаш распоредете ги врз тестото.

Рерната загрејте ја на 170 степени. Сварете ги пудинзите со 100гр шеќер, ванилин шеќер и јаболков сок (наместо млеко). Врелата смеса веднаш ставете ја врз јаболката и посипете со суво грозје. Печете 50-60 минути, извадете и оставете да се лади во калапот.

Пред сервирање извадете ја торатата од калапот, премачкајте ја со шлаг.

Украсете ја со бадеми.

Пудинг торта